Аталанта официјално го објави ангажманот на 27-годишниот Кристијано Пичини, кој во новата сезона ќе игра со трансфер од Валенсија.
Така, тимот доби нов десен бек по трансферот на Тимоти Кастане во Лестер, чиј слободен број 21 ќе го носи токму новиот играч. Пичини е петто ново засилување на тимот од Бергамо, претходно беа откупени договорите на Марио Пашалиќ, Алексеј Миранчук и Симоне Мураторе, а ангажиран е и Кристијан Ромеро со поазјмица.
Така, италијанскиот репрезентативец се врати во својата татковина, каде играше за Фиорентина, Карарезе, Специја и Ливорно. Минатата сезона тој забележа само два официјални натпревари за Валенсија поради повреда на коленото, која ја доби на почетокот на сезоната.