Учесникот во Лигата на шампионите оваа година, италијанскиот тим Аталанта го привлече дефанзивецот Симон Кјаер.
30-годишниот Дански фудбалер доаѓа од Севиља со позајмица од една сезона, без опција да го купат неговите права следното лето. Кјаер ќе го замени поранешниот словачки репрезентативец Мартин Шкртел, кој го раскина својот договор вчера за помалку од еден месец во клубот од Бергамо.
Симон Кјаер има искуство во италијанската Серија А, каде претходно играше за Палермо и Рома.