Играчот од средниот ред на Челзи, Марио Пашалиќ, кој е на позајмица во Аталанта, најверојатно ќе продолжи да игра во италијанскиот шампионат. Според веста од Италија, Аталанта има намера да ја активира опцијата за откуп на договорор и да потпише со играчот од средниот ред перманентен договор.
Клубот од Бергамо ќе му плати 15 милиони евра на лондонски Челзи. За играчот е подготвен договор до 2024 година. Пријавено е дека страните се согласуваат за соработката и трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

