Тимот на Аталанта продолжува да руши рекорди оваа сезона. Синоќа, екипата од Бергамо ја забележаа својата седма последователна победа во Серија А, што се случува за прв пат во историјата на клубот.
Нивната серија започна со победа од 2:1 како гостин кај Фиорентина на 8 февруари, по што забележаа уште две победи пред паузата поради пандемијата на коронавирусот.
По продолжувањето на сезоната, Аталанта победи уште противи четири ривали во Калчо лигата, од кои последен беше Наполи синоќа. Со двата успеси над Валенсија во ЛШ, нивните последователни победи во сите натпреварувања станаа девет, а нивните натпревари без пораз – единаесет. Тимот последен пат беше поразен на 20 јануари со 1:2 како домаќин од Спал.
Во меѓувреме, вчера капитенот Алехандро Гомез ја имаше својата 15-та асистенција во Серија А за сезоната. Никој друг не постигнал толку асистенции во италијанската елита од кога почнале да се забележуваат ваквите статистички податоци од сезоната 2004/05 година.