Играчот за врска на Шахтјор Доњецк, Виктор Коваленко , очигледно, кариерата ќе ја продолжи во Италија.
Според објавените информации во Италија, Аталанта постигнала прелиминарен договор со 24-годишниот фудбалер, за кој игра неговиот сонародник Руслан Малиновски. Главниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, лично сакаше да го види Виктор Коваленко во тимот .
Коваленко треба да се приклучи на Аталанта бесплатно следното лето, кога истекува неговиот договор со Шахтјор. Бенфика исто така се интересираше за играчот за врска, но клубот од Лисабон се вклучи предоцна во борбата за овој фудбалер.
Коваленко потекнува од школата на Шахтјор, а игра за оваа екипа од 2013 година. Оваа сезона тој одигра 8 натпревари во украинската лига и постигна 4 гола.

