Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов, не крие дека е задоволен од вчерашната победа на теренот на Малта во рамките на квалификациите за Европското првенство.
„Делувавме многу компактно и заслужено дојдовме до трите бода. Покажавме дека одлично играме под притисок и мислам дека сме зрели за многу успеси во иднина“ – вели Атанасов.
„ Одлично работевме на теренот и заслуживме победа, бевме добри и во офанзивата и ги искористивме шансите“ – рече нашиот фудбалер.