Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Арената – „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024. Очекувањата за последните два меча ги истакнаа Јани Атанасов и Дарко Чурлинов.
„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, не радува тоа што сите сме здрави и подготвени. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“ –вели Атанасов.
„Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме се од себе, така е кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се Италија и Англија. Во добра натпреварувачка форма сме и се надевам дека тоа ќе го искористиме. Ќе се обидеме да го спречиме италијанскиот состав да не победи“ – потенцираше Чурлинов за сајтот на ФФМ.