Ако некој заслужи добра оценка за настапот на синоќешниот меч со Италија во Рим, тоа сигурно е младиот Јани Атанасов. Со неговите два гола Македонија за момент се врати во игра на мечот, но на крајот повторно бевме убедливо поразени.
„Кога губиме како репрезентација не можеме да бидеме среќни и задоволни. Јас сум среќен за моите два гола, но имаме уште работа за да ги поправиме некои работи. Кога ги дадовме двата гола почувствувавме дека можеме да се носиме со оваа Италија која е највисоко ниво, покажавме дека сакаме, дека дадовме 100%, но на крај за жал три бода за Италија. На 3:0 тргнавме со сили да нападнеме, дадовме два гола, но повторно примивме голови кои не ги заслуживме“, изјави по мечот Атанасов.

