Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство во Куршевел, Франција.
Атанасовска утрово се појави на патеката во францускиот зимски центар на првата трка од женскиот велеслалом со стартен број 66, но по успешно минатиот прв сектор во вториот направи грешка и не успеа да ја заврши трката.
Во машка конкуренција наши преставници на СП се Мирко Лазаревски, Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезовски кои ќе настапат на квалификациската трка во велеслалом.