Во сабота на 21 април, во Арената Филип Втори во Скопје ќе се одржи вториот аматерски атлетски митинг Скопје 2018. Тој е наменет за сите што кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт или се подготвуваат за Скопскиот Маратон.
На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 и 400 метри, штафета 4 по 400, 1600 метри, 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб – страницата www.prvdovrv.mk. Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и ќе биде отворен за сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат.
Атлетскиот митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија.