Леонид Вандевски во машка и Марија Стојановска во женска конкуренција се победници во трката на 5 километри на годинашново издание на „Виз Ер скопскиот маратон“.
Веднаш зад Вандевски трката ја завршија Павле Јовановски и Пепи Аникијев додека во женскиот дел второто место и припадна на Ања Еклер а третото на Ирма Хајдари.
На трката на 5000 метри имаше повеќе од 9000 учесници.