Традиционалниот –„ Виз Ер Скопски Маратон“ ќе биде реализиран в недела низ улиците на престолнината. Стартот и целта ќе бидат пред главниот влез на Спортски центар „Борис Трајковски“. Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8 часот а трката на 5 километри десет минути подоцна.
„ Манифестацијата расте секоја година и можам да кажам дека Виз Ер е најголем маратон на Балканот. Градот Скопје традиционално обезбедува логистичка и финансиска поддршка“- изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Голем предизвик е да се организира 17. Издание на Виз Ер Скопски маратон поради Ковид протоколите. Имаме пријава од 7 000 натпреварувачи од 40 земји. Не знаеме дали сите ќе дојдат но се надеваме на масовност. Сега ќе отсуствуваат Кенијците“ –изјави Спортскиот директорот Кире Синадиновски. Наши главни фворити се Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.