Шпанскиот Атлетик Билбао на лето може да го назначи за главен тренер Маурицио Покетино, кој сега е на чело на ПСЖ, ова го пренесува „L’Equipe“.
Сега тренер на тимот од Билбао е Марселино Торал. Атлетик Билбао оваа сезона под негово водство по 35 натпревари во Ла Лига освои 52 бода и е осми на табелата. Веќе е познато дека ПСЖ има намера да се раздели со Маурисио Покетино по крајот на сезоната. За раскинување на договорот, аргентинскиот стручњак ќе добие отштета во износ од 15 милиони евра.
Актуелниот договор на Маурисио Покетино со Пари Сен Жермен е до 2023 година. Да потсетиме дека парижаните веќе си ја загарантираа шампионската титула. За Маурисио Покетино овој трофеј беше прва победа во националниот шампионат во неговата тренерска кариера.

