Атлетико Мадрид ќе отвори дисциплинска постапка против Антоан Гризман, објави „ЕСПН“.
Францускиот напаѓач не дојде на првата прозивка на тимот за новата сезона, за што шпанскиот клуб му додели на 28-годишниот напаѓач максималната казна дозволена со неговиот договор во износ од 200.000 евра.
Гризман планира лично да го откупи неговиот договор со Атлетико Мадрид, за кој играчот веќе ги известил челниците на клубот преку своите адвокати.
Негова желба е да се пресели во Барселона, но двата клуба влегоа во јавен конфликт поради желбата на Каталонците да платат 120 милиони евра, но одложено, што беше одбиено од страна на Атлетико Мадрид.