Атлетико е подготвен да го позајми Жоао Феликс до крајот на сезоната без право на откуп. Клубот од Мадрид сака да добие 9 милиони евра како исплата за позајмица со што сигурно ќе успее да покрие дел од минусите во клупската каса. Дополнително, „јорганџиите“ сакаат клубот кој ќе потпише со Феликс да ја преземе неговата плата во целост.
Манчестер Јунајтед и Арсенал засега имаат најголеми шанси да го ангажираат португалски репрезентативец.
Оваа сезона Жоао постигна 4 гола и реализираше 3 асистенции на 18 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања.