Екипата на Атлетико Мадрид официјално го претстави Жоао Феликс како свој нов играч. 19-годишниот Португалец пристигна на „Ванда Метрополитано“ за сума од 126 милиони евра, сума што Атлетико ќе треба да им ја плати на Бенфика. Значи тој стана најскапото засилување во историјата на клубот.

„Среќен сум што сум дел од проектот и историјата на овој клуб, ќе помогнам со она што можам. Благодарение на Мигел Ангел, моите родители, брат ми и моите пријатели. Без нив ништо нема да биде можно. Тука сум да направам се за себе, за клубот. Диего Симеоне и моите соиграчи ме поздравија на најдобар можен начин. Верувам дека добро ќе се вклипам. Како што реков, јас не обрнувам внимание на темата околу мојата цена. Сакам да се сретнам со Бенфика во Лигата на шампионите за да ја почувствувам целата љубов што ми ја даде клубот. Беше многу посебно, имено, Бенфика вложи многу во мене. Исто така, го ценам начинот на кој се однесуваа со мене. Збогувањето беше тешко, овој клуб секогаш ќе остане во моето срце. Не е лесно да се напушти Португалија и посакувам среќа на Бенфика. Дека јас сум замена на Антоан Гризман ? Јас сум изолиран од напнатоста и сум ограничен да ја извршувам мојата работа, како и да дадам сѐ од себе за да му помогнам на тимот”, изјави Жоао Феликс.
