Освојувачот на Лигата на Европа за минатата сезона, Атлетико (М), сака да го купи одбранбениот играч на Тотенхем, Серж Орие како замена за Шиме Врсаљко кој го напушти клубот ова лето.
Самиот Орие исто има желба да замине во Мадрид, но двете страни се уште немаат постигнато компромис околу финансиските услови од договорот. Десниот бек пристигна во Лондон на почетокот на минатата сезона, но тешко успева да се избори за место во првиот тим на Почетино.