Раководството на шпански Атлетико Мадрид планира да отпочне преговори со тренерот Диего Симеоне за обновување на неговиот договор, пренесува локалниот весник Ас. Планот на клупските газди е тоа да се случи по завршувањето на сезоната.
И покрај несигурниот почеток на 2022 година, кога пласманот во Топ 4 изгледаше тешко остварлив, тимот успеа да ги врати своите позиции и моментално е трет на табелата во Ла Лига со 69 бодови, но и натпревар помалку од второпласираниот Реал Мадрид кој има 71 бод.
Според „Ас“, за да биде убеден да потпише нов долгорочен договор, Симеоне ќе мора да добие поддршка за активни акции на трансфер пазарот ова лето.