Извршниот директор на Атлетико (М), Мигел Анхел Гил, изјави дека клубот има намера да му понуди нов договор на голманот Јан Облак, но во никој случај нема да се расфрла со понуди кои се нереални.
Медиумите деновиве објавија дека мадридскиот тим наводно не е подготвен да му ја зголеми платата на Облак со нов договор кој ќе надмине 100 милиони евра.
„Ние може да се обидеме да му го зголемиме износот на надоместокот на Облак, но тоа не гледам дека е нешто неопходно. Знаеме дека Облак сака да остане, а и ние го сакаме тоа“, изјавил Гил.
Договорот на Облак со Атлетико е заклучно до летото 2021 година. Оваа сезона, 25-годишниот голман одигра 36 натпревари во домашното првенство.