Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, екипата на Атлетико Мадрид започна преговори за потпишување договор со младиот уругвајски напаѓач Матијас Арезо.
Според информациите, 18-годишниот напаѓач на Ривер Плата од Монтевидео се смета за еден од најдобрите млади таленти во земјата и е наречен „новиот Суарез“. Актуелната цена на фудбалерот е проценета на само 1,5 милиони евра што веројатно нема да биде проблем за трансфер во Шпанија.
Оваа сезона Арезо одигра 14 натпревари на кои постигна четири гола и имаше и четири асистенции.

