Атлетико Мадрид се интересира за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет. Шпанскиот клуб се обиде да потпише со поранешниот фудбалер на Олимпик Лион пред три години, но Французинот им се придружи на „топчите“ на Арсен Венгер.
Лаказет ја започна кариерата во Арсенал ветувачки, но оваа сезона не го покажа својот целосен потенцијал. Лондончаните сакаат да соберат средства за нови трансфер цели и можат да го жртвуваат напаѓачот за оваа намена.
Според Марка, Атлетико е подготвен да го купи играчот, но засега нема конкретна понуда.