Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне ќе потпише нов тригодишен договор со клубот, објавија шпанските медиуми.
Според истите, новиот договор ќе вклучи клаузула за предвремено раскинување на договорот. Ако Атлетико Мадрид не успее да се квалификува за Лигата на Шампионите, клуб и Аргентинецот може да го прекинат договорот. Симеоне ја презеде екипата на Атлетико во 2011 година.
Под негово водство, Мадридскиот тим два пати стана шампион на Шпанија, два пати ја освои Лига Европа. Покрај тоа, Атлетико Мадрид имаат стигнато до финалето на Лигата на Шампионите, двапати, но тие не успеаа да победат во ова натпрерварување.
По 10 кола оваа сезона, Атлетико Мадрид е трет во Ла Лига со 25 поени. Симеоне со неговиот тим се на три поени зад лидерите Реал Мадрид и Џирона, но и натпревар помалку, оној со Лас Палмас на гостински терен.