Атлетико Мадрид и Монако се договориле за трансферот на Жибрил Сидибе.
Според весникот „L’Equipe“, шпанскиот клуб ќе плати 30 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец на француската репрезентација. Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така беа многу заинтересирани за играчот кој повеќе сакаше да игра во Ла Лига.
Во сезоната 2017/18, Сидибе одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 3 гола и имаше 8 асистенции.