Атлетико Мадрид официјално објави дека клубот потпишал договор со турскиот интернационалец Чаглар Сојунџу.
Централниот дефанзивец пристигнува од испаднатиот од Премиер лигата Лестер Сити со слободен трансфер. Со Атлетико Мадрид потпиша договор за 4 сезони.
27-годишниот Сојунџу се пресели во Лестер во 2018 година, каде што помина 5 сезони. Пред тоа играше и во Алтинорду и Фрајбург.
Сојуџу минатата сезона одигра само 9 натпревари постигна 1 гол за Лестер,пред се поради чести повреди и редовно останувајќи на клупата. За турската репрезентација има и 53 натпревари и 2 гола.
Сојунчу стана второто летно засилување за тимот на Диего Симеоне, откако Атлетико веќе го ангажираше левиот бек на Селта, Хави Галан.