Атлетико Мадрид официјално го објави заминувањето на Реинилдо Мандава и Сезар Аспиликуета. Клубот не ги обнови договорите на дефанзивците, кои истекуваат денес.
Реинилдо Мандава (31 година), играше за оваа екипа четири сезони. Тој има 103 натпревари во Ла Лига, Кралскиот Куп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Репрезентативецот на Мозамбик ќе ја продолжи кариерата во англискиот клуб Сандерленд.
Аспиликуета, кој ќе наполни 36 години во август, помина две сезони во мадридскиот клуб и запиша 54 натпревари.

