Атлетико Мадрид и Барселона се блиску до нов договор за Антоан Гризман, објавија медиумите во Шпанија и Франција.
Се очекува клубот следното лето да плати 25 милиони евра за стекнување на правата на играчот. Францускиот крилен напаѓач е втора година на позајмица на „Ванда Метрополитано“ од Каталонците, а во договорот меѓу двете страни беше вклучена откупна клаузула вредна 40 милиони евра.
Сепак, со оваа сума не се задоволни од Атлетико Мадрид и токму поради оваа причина Гризман од почетокот на сезоната влегува во игра главно како резерва, така што условите кои автоматски би ги активирале договорите кои двете страни ги постигнале не би биле исполнети.
Од „Камп Ноу“ немаат желба да го вратат Гризман во Барселона и токму поради оваа причина на крајот се согласија да преговараат за условите од договорот.