Атлетико Мадрид најверојатно ќе биде казнет за инцидентите за време на дербито со Реал Мадрид на „Ванда Метрополитано“ овој викенд.
Дуелот во шпанската престолнина беше прекинат речиси дваесет минути откако домашните навивачи почнаа со разни предмети да го гаѓаат голманот на гостите Тибо Куртоа.
Според шпанските медиуми, Атлетико ќе биде казнет со делумно затворање на стадионот на најмалку два претстојни домашни натпревари.
Ова не е прв прекршок од страна на навивачите на Атлетико Мадрид и поради ова е санкцијата. Сепак, од шпанската федерација се уште нема официјална информација за казната бидејќи се уште се собираат докази за тоа што се случи во саботата.

