Натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Челзи ќе се одигра во Букурешт, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Мадрид.
Домаќин на оваа средба е „Националниот стадион“во главниот град на Романија. Според информацијата, средбата која е закажан за 23 февруари, е одложен од Мадрид за Букурешт поради ограничувања на патувањето меѓу Шпанија и Велика Британија, поради пандемијата на коронавирусот. Реванш натпреварот е планирано да се одржи на 17 март.
Претходно УЕФА објави дека првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА, РБ Лајпциг – Ливерпул ќе се одигра на „Арената Пушкаш“ во Будимпешта на 16 февруари.
Да потсетиме дека германската влада забрани влез на сите кои пристигнувааа од подрачјата погодени од мутации на КОВИД-19, барем до 17 февруари, со исклучок на германски државјани или лица со дозвола за престој во Германија. Забраната стапи на сила на 30 јануари.