Атлетико Мадрид ќе го продолжи договорот со напаѓачот Антоан Гризман. Ова го објави новинарот Руди Галети на социјалната мрежа Х.
Според изворот, клубот и играчот ги разработуваат последните детали во преговорите за продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2026 година.
Познато е дека за Гризман интерес покажале клубови од Саудиска Арабија, но фудбалерот јасно ставил до знаење дека сака да помине што повеќе време во мадридскиот клуб, а потоа да се пресели во еден од клубовите кои играат во МЛС.
Оваа сезона Гризман учествуваше во 47 натпревари во сите натпреварувања за клубот, на кои постигна 24 гола и даде осум асистенции. Проценетата цена на 33-годишниот играч, според интернет порталот Трансфермаркт е 25 милиони евра.

