Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Ренан Лори, иако е позитивен на корона-вирусот, тимот од Шпанија најави дека ќе ги започне тренинзите.
Бидејќи играчот на „јорганџиите“ немал контакти со другите членови на тимот, челниците најавија дека тренинг-процесот може да се стартува според новите мерки за заштита од ковид-19. Според проценките, се очекува по тестирањето на сите кои се дел од Примера дивисион да има околу 30-тина позитивни, но, тоа нема да влијае на планот за враќање на фудбалските терени.
Тие што ќе бидат позитивни на тестовите ќе бидат испратени во самоизолација од 14 дена а потоа ќе им се направи уште еден тест.

