Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити денеска од 21.00 часот на „Ванда Метрополитано“ ќе се соочат во четвртфиналето од реваншот од Лигата на шампионите. Првиот натпревар минатата недела заврши со минимален триумф од 1:0 за „граѓаните“, што е прилично мала предност.
Минатата среда избраниците на Диего Симеоне се определија за дефанзивен стил, но денеска ќе мора да направат промени бидејќи треба да постигнат најмалку еден гол. Диего Симеоне нема да се потпира на двајца главни играчи.
Станува збор за дефанзивецот Хозе Марија Хименез и играчот од средниот ред Хектор Ерера. Најверојатно уругвајскиот напаѓач Луис Суарез повторно ќе стартува од клупата, а нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Жоао Феликс.
„Нашата цел е да победиме. Имаме план за тоа“, ги смири навивачите во пресрет на натпреварот капитенот на Атлетико Мадрид, Коке.
Пеп Гвардиола беше задоволен од веста дека централниот дефанзивец Рубен Диаз веќе ги продолжил тренинзите, но Каталонецот нема да ризикува со брзо враќање во игра и го остави надвор од составот. Ова е единствениот кадровски проблем за Гвардиола, кој ќе се потпре најдобриот состав во потрагата по трофејот во Лигата на шампионите, финале кое ќе се игра на 28 мај на „Стад де Франс“ во Париз.
Веројатни состави:
Атлетико Мадрид: Облак, Савиќ, Фелипе, Реинилдо, Версаљко, Конгдобија, Караско, Љоренте, Коке, Гризман, Феликс.
Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Лапорт, Стоунс, Вокер, Гундоган, Родри, Де Бруин, Силва, Стирлинг, Марез.
Стадион: „Ванда Метрополитано“ – Мадрид
Судија: Зиберт (Германија)