Атлетико Мадрид се најде во ситуацијата на Барселона, иако во помали размери. Од Атлетико не можат да пријават нови играчи, бидејќи ја надминаа границата за плата за 100 милиони евра.
Вчера претседателот на клубот Енрике Сересо потврди дека Атлетико има договор со Аксел Витсел да се пресели на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч. Тој додаде дека клубот мора да продаде за да направи нови засилувања. Трансферот на Витсел не може да се финализира токму поради финансиската состојба, пишува „Марка“. Атлетико сака да се раздели со Антоан Гризман, кој има една од највисоките плати. Французинот минатото лето се врати во клубот откако беше ангажиран на две години.
Сепак, разделбата од него нема целосно да го реши проблемот и Атлетико Мадрид можеби ќе треба да се разделат со некој главен играч. Неодамна се појавија информации дека постои интерес за Жоао Феликс, но Португалецот изјави дека нема намера да си замине.
