Фудбалерите на Атлетико не сакаат да организираат шампионски шпалир за Реал Мадрид пред нивниот натпревар во шпанското првенство, информира „Марка“.
Според изворот, фудбалерите на Атлетико речиси едногласно го поддржале фактот дека за Реал Мадрид нема потреба да организираа шапмпионски шпалир. Само барањето на управата на клубот може да ја промени оваа одлука. Сепак, газдите на Атлетико Мадрид го земаат предвид ставот на навивачите, кои исто така не сакаат нивниот тим да му направи шампионски шпалир на главниот градски ривал.
Да напоменеме дека натпреварот од 35. коло на шпанската Примера Атлетико – Реал Мадрид ќе се одржи на 8 мај на стадионот „Ванда Метрополитано“, Реал Мадрид на овој натпревар доаѓа како нов шампион во Ла Лига.