Откако беше одигран последниот натпревар во 38. коло од шпанскиот шампионат за Атлетико Мадрид кој го победи Ваљадолид и ја освои шампионската титула стана јасно за еден интересен податок.
Статистиката на Ла Лига покажа дека екипата на Атлетико Мадрид ја одигра целата сезона 2020/21 без да добие исклучување на свој играч на сите 38 натпревари. Нешто што не беше вообичаено за екипата на АТлетико Мадрид изминативе години. Последен пат Атлетико Мадрид не добил исклучување во текот на сезоната во далечната 1976/1977 кога исто така стана шампион.
Можеби и ова е податок кој значи дека Симеоне го смени концептот на игра, но и дека кога Атлетико игра со ист број на играчи на теренот знае да извлече позитивен резултат, па сезоната ја завршија со 26 победи, 8 нерешени и само 4 порази.

