Настапот на фудбалерите во шпанскиот национален тим , но и другите селекции кои имаа активности во овој период не влијаеше добро на Атлетико Мадрид.
Како резултат на настапите на репрезентациите и натпреварите на националните селекции, четворица играчи на Атлетико Мадрид се вратија во клубот повредени – Стефан Савиќ, Сантијаго Аријас, Никола Калиниќ и Анхел Кореа дојдоа во Мадрид со одредени повреди.
Црногорецот има потрес на мозокот, десниот бек има фрактура на ребрата, напаѓачот со повреда на зглобот, а крилниот играќ со болка во левото колено, поради што ја пропушти синоќешната контрола на Аргентина на Колумбија (0:0). Следниот натпревар на Атлетико Мадрид е во сабота на домашен терен против Еибар.