Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Атлетико Мадрид тргнува во офанзива по Пауло Дибала
    Фудбал

    Атлетико Мадрид тргнува во офанзива по Пауло Дибала

    risteBy riste26/05/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Новиот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид ќе стори се што е можно за да го привлече напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, тврдат медиумите во Шпанија. Од „Ванда Метрополитано“ започнаа голема офанзива за реализација на трансферот, подготвувајќи неколку опции за целата зделката.

    Атлетико Мадрид најмногуу би сакал размена на играчи, што се очекува со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаат повеќето клубови. Затоа, првата опција е Атлеико Мадрид да му го понуди на Јувентус Анхел Кореа. 26-годишниот Аргентинец нема статус на стартер во клубот, но од друга страна тој имаше своја улога во освојувањето на титулата оваа сезона, па клубот е доста размислува дали се подготвени да се разделат од него.

    Втората опција е размена на Дибала со Алваро Мората. Шпанскиот напаѓач во моментов е на позајмица во Јувентус, кој може да биде продолжена за уште една година за 10 милиони евра. Исто така, постои можност луѓето од Торино да ги купат неговите права во целост. Всушност, Атлетико претпочита зделката за Мората да биде одвоена од онаа за Дибала, па тешко дека ќе се постигне оваа опција.

    Во исто време, Атлетико е заинтересиран и за играчот за врска на Јувентус, Родриго Бентанкур, кој исто така може да биде вклучен во преговорите меѓу двата клуба. Уругваецот се гледа како замена на Лукас Тореира. Разговорите меѓу двете страни допрва следуваат. Сепак, јасно е дека Атлетико Мадрид ќе ги испроба сите различни опции за да ги привлече овие играчи. Двата клуба се во релативно добри односи, па може да најдат заеднички јазик и да постигнат договор.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.