Атлетико Мадрид е во преговори со уругвајскиот напаѓач од ПСЖ Единсон Кавани. Од 1 јули тој станува слободен агент и Атлетико Мадрид ќе се обиде да го привлече со тригодишен договор.
Ова ќе биде втор обид на „јорганџиите“ за обезбедување на услугите на уругвајскиот фудбалер по зимата, кога не постигнале договор.
За него е заинтересиран и тимот на Дејвид Бекам во американската МЛС лига Интер Мајами. Оваа сезона Кавани одигра 22 натпревари во сите натпфреварувања за ПСЖ, постигнувајќи седум гола и три асистенции.