Атлетико Мадрид е заинтересиран за крило на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. Договорот на 30-годишниот фудбалер истекува ова лето и тој ќе биде слободен играч.
Од „Ванда Митрополитано“ сакаат да го искористат овој факт и да го земат без пари во своите редови.
Ова ќе биде своевидно враќање на Мата во „Ла Лига“, каде што имаше одлични настапи во дресот на Валенсија. Тој го носеше дресот на оваа екипа од 2007 до 2011 година, пред да се пресели во Челзи.
Според други информации, интерес за Мата исто така има и од Барселона. Сепак, засега, Атлетико се смета за фаворит за потписот на овој фудбалер.