Купувањето на играчи од Атлетико Мадрид продолжува. Следен на списокот на нови играчи во Атлетико Мадрид ќе биде десниот дефанзивен играч Сантијаго Аријас од ПСВ Ајндховен.
Тој ќе ја пополни празнината што ја остави Шиме Врсаљко, кој веќе се согласи за трансфер во Интер.
Договорот помеѓу Атлетико и ПСВ за Аријас ќе биде официјализиран наскоро. Првично беше сметано дека колумбискиот репрезентативец ќе оди во Наполи, но тој го избра Атлетико Мадрид. Наполи веднаш се сврте кон Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед и преговорите се во многу напредна фаза.
Аријас има 26 години, помина 5 сезони во Холандија, каде што стана шампион 3 пати. Во својата кариера, овој играч исто така играше и за Ла Екидад во својата татковина и за Спортинг (Лисабон).
Ова лето Атлетико веќе се засили со Тома Ломар, Желсон Мартинс, Родри, Антонио Адан, Џони Кастро и младиот Нехуен Перес, а освен тоа успеа да ги задржи Антоан Гризман и Јан Облак.