Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Жил Марин вели дека се уште разговараат со Гризман околу продолжувањето на новиот договор. Тој истакна дека позицијата на Атлетико е искажана јавно и воопшто не му се допаѓа начинот на кој Барселона сака предвреме да преговара со Французинот.
„Ние постојано сме во разговори со Гризман и немаме намера да отвораме нов процес. Пред неколку месеци, лично му кажав на претседателот на Барселона дека нашиот играч во моментов не е на продажба и дека немаме таква намера. Исто така му кажав дека ако играчот го искористи своето право да го откаже договорот поради нивниот притисок во текот на целата сезона, Атлетико ќе побара компензација од Барселона за нивното несоодветно однесување“, изјавил директорот на мадриѓани.