Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак се очекува во наредните денови официјално да го потпише својот нов договор со клубот,пишува „Марка“.
Словенецот одлично се снајде во дресот на Атлетико Мадрид и ќе добие зголемување на платата, а со тоа веќе ќе биде втор највисоко платен во тимот од Мадрид по Антоан Гризман.
Овој договор на Облак е до летото 2021 година, со новиот веројатно уште една или две сезони плус. Меѓутоа, клаузулата за откуп нема да се промени и ќе остане 100 милиони евра.
Се вели дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него, но Мадридскиот клуб нема намера да се раздели за помалку од сумата што е наведена во договорот. Во саботата Облак направи серија одлични одбрани против Барселона, но не успеа да го спаси својот тим од пораз со 0:2, по која тимот се оддалечи на 11 поени од каталонците. Тој, сепак, повторно е фаворит за наградата која се доделува на најдобриот голман во првенството.