Атлетико Мадрид објави дека го прекинуваат процесот на тренинг поради закана од ширење на коронавирусот. Фудбалерите на Диего Симеоне ќе се подготват секој во својот дом во наредните две недели.
Засега „Ла Лига“ е суспендирана до крајот на март. Атлетико Мадрид успеа да го елиминира актуелниот европски шампион во 1/8-финалето од Лигата на шампионите во средата вечер. По таа средба, на играчите им беше дадена пауза со оглед на одложените кола во Шпанија.
Прелиминарни планови беа тимот да започне со тренинзи вчера, но на „Ванда Метрополитано“ сметаат дека е опасно тоа изатоа тренерот Диего Симеоне одлучи да ги остави своите играчи на дома и да одржуваат физичка форма во домашни услови.