По неколкумесечните спорови од Атлетико Мадрид се согласиле да ја платат бараната сума од Спортинг (Лисабон) за привлекување на Желсон Мартинс, информираше португалскиот „А Бола“.
Офанзивниот фудбалер имаше договор со португалскиот гигант и во него беше откупна клаузула од 100 милиони евра. Поради проблемите меѓу навивачите на Спортинг и играчите, при што некои фудбалери дури беа тепани, доста од нив ја напуштија екипара, а притоа тврдеа дека овие настани им даваат право да го раскинат договорот. Мартинс замина во Атлетико Мадрид без обештетување.
Клубот од Лисабон сепак тврдеше дека фудбалерите бесправно ги напуштил и се заканија на новиот клуб со тужба. Изгледа дека адвокатите на фудбалерот и на Атлетико Мадрид утврдиле дека ќе го загубат случајот и постигнале вонсудско решение Атлетико да плати 30 милиони евра и случајот да биде затворен.
На истиот начин и Вулверхемтон сега се согласил да префрлат 20 милиони евра за голманот Руи Патрицио, откако тој исто така се најде во англискиот клуб на сличен начин.