Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, нема да може да смета на Кирон Трипиер за претстојната средба со Ебар во сабота навечер, објавија денес од „Ванда Метрополитано“.
Англискиот десен бек страда од повреда на препоните. Дефанзивецот направи неколку индивидуални тренинзи со цел да ги реши проблемите со повредата. Фудбалерот сè уште има болка и одлуката на спортско-техничкиот штаб е дека тој не треба да патува во Баскија.
Трипиер многу добро се вклопи во екипата на Атлетико Мадрид и стана еден од клучните играчи на оваа екипа.