Мастерс турнирот во Индијан Велс кој поради големиот број на лица заразени со Ковид-19 на територијата на Калифорнија беше одложен во текот на месец март, сега е вметнат во календарот на АТП за последниот квартал од годинава.
Престижниот собир ќе се реалзира во октомври а точниот датум дополнително ќе се утврди. Исто така, има промена во датумите на Отвореното првенство на Стокхолм.
Турнирот во главниот град на Шведска требаше да се одржи од 18 до 24 октомври, паралелно со собирите во Москва и Антверпен. Сепак, по ажурирањето на календарот, турнирот беше поставен за терминот од 7-13 ноември.
