Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со 160 поени се најде на 330.то место во пад за две места на најновата АТП листа објавена денеска. На АТП ранкингот пад од осум позиции има и Горазд Србљак кој со 9 поени се наоѓа на 1100.то место.
Во конкуренција на двојки само Ивановски има скок од четири места и со 79 поени е рангиран на 631.то место.
Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Горазд Србљак на фјучрсот во Златибор и Шендрит Деари во Пазарџик. Двата турнира се играат за награден фонд од 25.000 долари.
Двете македонски тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и оваа недела се единствените со ранг на ВТА листата и во сингл и во конкуренција на двојки. Ѓорческа има напредок за две места и е рангирана на 216.то место со 335 поени или скок за две места. Магдалена Стоилковска е на истата позција – 1244.то место со 8 поени.
Оваа недела Ѓорческа ја очекува настап на фјучрс во Куршумлијска бања, Србија каде е рангирана како 5.носителка и во првото коло е слободна. Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари.