Фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо и дефанзивецот на Реал Мадрид Марсело отпаднаа од составот на репрезентацијата на Бразил за претстојните пријателски натпревари со Уругвај и Камерун.
Од таа причина во тимот итно беа повикани играчот на Пекинг Гуоан Ренато Аугусто и дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро. Кутињо има болки во левиот бутен мускул, додека Марсело има проблеми во десниот бутен мускул. Исто така играчот на Реал Мадрид, Каземиро нема да може да игра на претстојните натпревари поради повреда на зглобот.
Бразил се среќава со Уругвај на 16-ти ноември во Лондон, а четири дена подоцна игра со Камерун во друг англиски град – Милтон Кејнс.