Репрезентативецот на Франција, Набил Фекир, е трансферна цел на повеќето европски фудбалски гиганти.
Претседателот на неговиот сегашен клуб Лион, Жан Мишел Ауљас, потврди дека пропаднал договорот со Ливерпул и дека преговорите ќе се насочат кон Реал Мадрид.
„Јас дадов зелено светло за трансферот во Англија, но, работите се променија. Фактот дека пропадна договорот со Ливерпул, не тера да побараме други опции. Мислам дека новиот тренер на Реал Мадрид има намера да го купи Фекир. Има уште време до крајот на летово, ќе видиме што ќе се случи’ изјавил Жан Мишел.