Шпанскиот фудбалски клуб Севиља се наоѓа пред продажба, истата добива на интензитет и се очекува да се забрза до крајот на оваа година, а зделката се очекува да биде завршена до почетокот на 2026 година, објави „АС“. Неколку странски инвестициски фондови изразија интерес за купување на клубот, кој со години е во борба за превласт меѓу своите главни акционери. Потребен е договор меѓу нив за продажбата да се случи до 2027 година. Идниот купувач ќе мора да се справи со огромниот долг на клубот. Проценките се движат од 100 милиони евра за кои клубот тврди дека му ги должи, па…
Author: riste
Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го промени претходно објавениот датум за Финалисима меѓу репрезентациите на Шпанија и Аргентина, објави „Марка“. Наместо на 28 март 2026 година, натпреварот е закажан да се игра еден ден порано – на 27 март. Финалисима е дуел меѓу европскиот шампион и победникот на турнирот Копа Америка. Според шпанското издание, натпреварот е закажан да се одржи на стадионот „Лусаил“ во Катар, со намера на ФИФА да му даде на настанот максимална свеченост и да го претвори во спектакл на ниво на големи меѓународни финалиња. Интересно е што токму таму Меси ја освои светската титула со…
Баерн Минхен е во контакт со централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате , чиј договор со тимот од „Енфилд“ истекува ова лето. Ова го објавија медиумите во Германија, цитирајќи го „Билд“. Според извор, клубот од Минхен го разгледува 26-годишникот како можна замена доколку Упамекано си замине. Тимот на Конате, наводно, е во преговори и со Реал Мадрид и ПСЖ. Оваа сезона, дефанзивецот на Ливерпул настапи на 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 55 милиони евра.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека запирањето на Арсенал оваа сезона изгледа „скоро невозможно“, и покрај тоа што титулата во Англија никогаш не била освоена во ноември. Манчестер Сити е домаќин на актуелниот шампион Ливерпул во натпревар од Премиер лигата во недела. Натпреварот е клучен за двата тима бидејќи се обидуваат да го одржат притисокот врз „топџиите“ на врвот на табелата. „Ако продолжат вака, ако играат вака, не примаат голови, па дури ни шанси пред сопствениот гол и едноставно победуваат. Боже, ќе биде речиси невозможно, но се надеваме дека ќе бидеме подобри и дека ќе изгубат бодови. Сè…
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, ја коментираше одлуката да го повика крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, во репрезентацијата и покрај извештаите дека е повреден. Во октомври, каталонското издание „Спорт“ објави дека 18-годишникот страда од повреда на препоните, но Јамал подоцна ги отфрли гласините за повредата како лаги. „Одговорот е очигледен. Мислам дека е во совршена состојба. Неговиот тренер му кажал дека е подготвен да игра фудбал. Јамал ќе остане со нас онолку долго колку што сметаме дека е потребно. Влоговите се многу високи, па затоа репрезентацијата мора да ги има најдобрите играчи“, изјави Де ла Фуенте…
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, зборуваше за својата улога во тимот и потенцијалните рекорди пред натпреварот против Ливерпул од 11-то коло во англиската Премиер лига. „Зошто да размислувам за потенцијални рекорди? Треба да се фокусирам на тоа да му помогнам на тимот да освои три бода, тоа е она што треба да го направам. Се обидувам да постигнам голови како напаѓач, се обидувам да му помогнам на тимот да освои три бода и да освои трофеи на различни начини, тоа е мојата главна цел. После тоа, ако успеам да поставам рекорди, тоа би било одлично. Но, не мислам дека треба премногу…
Фудбалерот на Мначестер Сити и Хрватска, Јошко Гвардиол зборуваше за голманот на неговата екипа Џанлуиџи Донарума и неговата брза адаптација во Манчестер Сити. „Манчестер Сити отсекогаш имал многу добри голмани, а Донарума е еден од нив. Тој се адаптираше многу брзо и мислам дека тоа е исклучително важно. Се сеќавам кога пристигнав во Манчестер Сити и колку време ми требаше да се адаптирам на лигата, на натпреварувањето. Сите сме среќни што тој се приклучи на нашиот тим и дека добро се снаоѓа. Не е само тој, туку сите. Мислам дека можеме да постигнеме уште повеќе. Гледам дека се бориме еден…
Фудбалерите на Шкендија беа трагичари на синоќешниот натпревар против Јагјелонија (1-1) во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани долго водеа, а примија гол за реми во последните секунди од средбата на националната арена „Тодор Проески“. По натпреварот тренерот на македонскиот шампион Јетон Беќири беше видно разочаран. „Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди не делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме поинаку, ама во последните секунди немавме среќа. Мислам дека не беше од преголема желба, туку не бевме добро поставени во одредени позиции. Фудбалот е таков, ако на…
„xnula.mk“ го слави својот ПРВ роденден. Успевајќи да се позиционира како доверлива премиум онлајн продавница во Македонија, нуди внимателно избрани производи за домаќинство, стик и робот правосмукалки, уреди за нега и фитнес од светски познати брендови. По тој повод, од 5 до 10 ноември 2025 година ќе имате можност да уживате во роденденската промоција со ексклузивни цени и попусти на производи од светските брендови: Dreame, Dyson, Roborock, Ninja, Shark, Yesoul, Ovicx, Daikin и многу други. Истовремено, на нивниот Инстаграм профил ве очекува и роденденски GIVEAWAY, па препорачуваме да бидете во тек и да ги следите на социјалните медиуми. „xnula.mk“ е премиум онлајн продавница во Македонија, посветена на сите оние купувачи кои бараат…
Менаџерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги пофали своите играчи по победата од 2:1 над актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен. И покрај тоа што играа со играч помалку во текот на целото второ полувреме, германските гиганти успеаја да ја извојуваат победата и да освојат вредни три бода, запишувајќи ја својата 16-та победа по ред. Сепак, тренерот на Баварците останува цврсто на земја. „Освоивме три бода, што е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Знаевме дека сме способни да го направиме тоа. Мора да останеме смирени, но тоа ни дава самодоверба. Го ротиравме составот во саботата и тимот…
