Author: saso

Некои од најголемите играчи во историјата на НБА лигата, синоќа беа прифатени во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, Масачусетс. Официјалната церемонија ќе се одржи на 7-ми септември. Нови членови на „Куќата на славните“ се Џејсон Кид и Стив Неш кои остануваат во историјата како некои од најголемите асистенти, но и Реј Ален, кој е бр.1 по постигнати тројки. Во листата на нови „жители“ во Спрингфилд е и 10-кратниот учесник на „Олс-Стар“ натпреварите, Грент Хил.

Read More